Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски влегува во војна и со американската амбасада ?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски подржан од најблиските соработници отвори жестока војна со Телевизија Телма, а пратеници и членови на партијата со говор на омраза ги линчуваа новинарите. Повод за нападот е наводно откажаното интервју на телевизијата, а Мицкоски тоа го објасни со постигнатиот договор меѓу Макпетрол и Владата околу гасоводот, што според него значело промена на редувачката политика на Телма.

Во јавноста кружи и шпекулација дека токму Мицкоски се обидувал да изнудува од Макпетрол во замена за поддршка на договорот во собранието, но потврда нема.

Вчера и пратеникот Милошоски, кој важи за еден од највлијателните кај Мицкоски, повторно ја нападна Телма и Макептрол обраќајќи се преку својот фајсбук профил.
„(Не)зависни фирми, телевизии и големи пари!? Денес во Собранието прва точка на дневен ред е спогодбата помеѓу Владата и Макпетрол (приватна фирма) за купопродажба на дел од гасоводот, во кој досега 50% сопственик беше Макпетрол. Инаку медиумот “Телма” (ТЕЛ-евизија МА-кпетрол) е 100% сопственост на Макпетрол и важи за силно провладин медиум, кој ги релативизира крупните грешки на Заев, а опозицијата често не ја ни третира или ја претставува негативно. Зошто? Можеби затоа што според ревизорска куќа гасоводот на кој владата ќе врши откуп чини 36.000.000€, а Заев договорил за само 50% од истиот гасовод на Макпетрол (Телма) да му плати 32.000.000€. Кој ќе има финансиска и политичка корист од оваа богата зделка, која се прави во матно време и во услови кога арбитражата сеуште трае, кога буџетот, економијата, многу медиуми и многу стопанственици се во тешка криза? Слободата на медиумите сигурно не.“, напиша Милошоски.

Мицкоски напаѓа, а американската амбасадорка го фали Макпетрол

Американската амбасадорка Кејт Брнз на нејзиниот твитер профил соопшти дека остварила средба со претседателот на Управниот одбор на Макпетрол и сопственик на Телевизија Телма, Андреја Јосифовски.

-Се состанав со претседателот на Управниот одбор на Макпетрол, Андреја Јосифовски, за да разговараме за поразновидната и регионално поврзана енергетска иднина на Северна Македонија. Го пофалив Макпетрол за напорите за социјална одговорност во компанијата и поддршката во борбата против пандемијата. – пишува амбасадорката Брнз.

Оваа средба доаѓа во исклучително напнат период кога Мицкоски притиснат од барањата за негова оставка повлекува нервозни и нерационални потези.
Медиа.мк веќе пишуваше за жестоките напади врз телма од страна на Мицкоски и медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...