Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

КОРИСНО: ЕВЕ КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ПЦР И СЕРОЛОШКИ ТЕСТ за КОВИД-19

Серолошки тестови детектираат присуство на антитела т.е. одредени класи на имуниглобулини ИгГ, ИгМ и ИгА во крвта (серум) на пациентот, кои се јавуваат како одговор на присуство на вирусот SARS-CoV-2.

ИгМ антитела се показатели на инфекција која е настаната неодамна. ИгА антитела се локални антитела кои во акутна фаза на инфекцијата се акумулираат на површина на грлото, носот, цревата и во секретите. ИгГ антитела се показатели дека некој бил во контакт или прележал инфекција со вирусот SARS-Cov-2. Повторна инфекција со SARS-CoV-2 не може да се исклучи иако во серумот на пациентот се најдени ИгГ антитела.

Постојат повеќе видови серолошки тестови. Тие се разликуваат и по одредување на концентрација на антитела т.е. квантитативни и квалитативни.

Серолошки тест може да се направи во секое време, освен во фаза на акутна инфекција (кога е присутен еден или повеќе од следниве симптоми: покачена телесна температура, треска, кашлица, состојба слична на настинка или грип) и за кога, од лабораторијата Синлаб каде се прават сите овие анализи препорачуваат да се следат протоколите пропишани од Министерство за здравство и да се направи соодветен ПЦР тест од брис.

ПЦР тест е стандардна метода за таканаречено умножување и докажување на присуство на специфичен ген во случајов N-gen специфичен за SARS-CoV-2.

Примерок за докажување на вирусот е брис земен од нос и грло на пациентот. ПЦР тест практично е 100% специфичен (не детектира друг вирус освен оној кој се тестира) и има висока клиничка сензитивност. Секако на добиениот резултат влијае и во која фаза од инфекција се земени брисевите. За разлика од серолошки тестови, со ПЦР може да се дијагностицира само моментално заболување со COVID-19 а не и инфекција која е настаната неодамна.

Сите тестови мора да ги изработува едуциран кадар за земање примероци и изработување на истите, како и толкување на добиениот резултат. За изработување серолошки тестови или ПЦР тест во ПЗУ Синлаб потребно е претходно закажување на телефон 02 3107107, секој работен ден од 8-16 часот.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...