Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Билбордите и телохранителите, му се поважни на Мицкоски од здравјето на граѓаните ?

Дали претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде еднаш искрен и ќе покаже дека се грижи за интересите на граѓаните, а не за својот комодитет ?
Ова е прашањето на кое што ќе мора наскоро да одговори Христијан Мицкоски и тоа во Собрание кога ќе се гласа новиот предлог Буџет за 2021 година. Во тој буџет милиони евра се предвидени за партиите, а според непотврдени информации, околу 1 милион евра би требало да добие и Христијан Мицкоски.
Одговорот ќе дојде во форма на прифаќање или одбивање на средствата кои согласно закон се предвидени за политичките партии.
Факт е дека законот постои, но доколку советниците на ВМРО-ДПМНЕ бараат од град Скопје да не се фрлаат пари за китење на градот, тогаш логично е истите тие да извршат притисок врз Мицкоски да не се фрлаат пари за партиски војски и обезбедувања или за билборди или портали кои никој не ги чита.


ТВ Телма ги потврди информациите кои веќе ги објави медиа.мк


Според Телма „Три и пол милиони евра или 0,10 посто од буџетот на земјава да оди во рацете на партиите. Министерството за правда ги предлага измените на законот за финансирање на партиите во сред корона криза. Во материјалите испратени до собранието каде потпис ставил премиерот Заев а предлагачи се правда преку министерот и заменикот Маричиќ и Нухиу се бара измените да се направат по итна постапка. Со измените државата си става рок за исплата и тоа до нова година, што значи дека партиите нема да чекаат. Колачот се дели во зависност од тоа која партија колку гласови освоила на претходните избори. Инаку претходната министерка за правда Рената Десковска заговараше законска измена со која за секогаш би се намалиле сретствата за партиите и ги оценуваше ако превисоки. Интересно е што ставката во буџетот креаторот ја насловил како трансфери д оневладини организации и покрај тоа што се политички партии“

Медиа.мк веќе пишуваше за партискиот колач кој ќе се дели од новиот буџет среде корона криза

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...