Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СЕ ИСПОЛНУВААТ “ПРОРОШТВАТА” НА БИЛ ГЕЈТС

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи.

За некои, тој е како „пророк“ кој предвидуваше пандемија и со години предупредуваше на неподготвеноста на светот да се бори против потенцијален нов вирус, додека за теоретичарите на заговор тој е виновник за коронавирусоот  чија цел е обезличување и чипирање на светската популација. Тие не можат да објаснат како така е, но за нив е – така. Како и да е, сигурно е интересно да ги слушаат и читаат неговите мисли за иднината.

Еве ги неговите предвидувања за промените што можеме да ги очекуваме во иднина:

Средбите на далечина ќе станат дел од новата нормалност – пандемијата покажа дека во многу случаи нема потреба да летате во други градови или да губите време во сообраќајот на состаноци во градот каде што живеете/работите затоа што состанокот е подеднакво квалитетен ако го  направите преку Интернет. Исто така, истото важи и за учење, консултации со лекари итн.

Софтверот ќе се подобри драматично – со зголемената популарност на состаноците на Интернет, и софтверот и алатките што ги користиме за комуникација ќе се подобрат. Веќе оваа година е постигнат голем напредок во софтверот во споредба со почетокот на пандемијата кога сите нагло се префрлија на Интернет, а во иднина можеме да очекуваме понатамошен напредок и подобро корисничко искуство.

Компаниите ќе делат канцеларии каде вработените ќе ротираат – бидејќи луѓето поретко доаѓаат во канцелариите, компаниите дури можат да споделуваат работни простори со други компании. Вработените во една компанија би дошле еден ден, а друга следниот ден, односно би можеле да се договорат за некој сличен начин на споделување просторот во зависност од потребите.

Луѓето ќе имаат поголема можност да ги изберат местата каде што ќе живеат – ако луѓето работат од дома, јасно е дека нема да им е грижа каде живеат, ќе им треба само брза и стабилна интернет-врска. Гејтс вели дека во големите американски градови цените на закупнината се доста високи, па вработените трошат добар дел од платата само за изнајмување станови и куќи. Наместо тоа, луѓето ќе изберат помали и поевтини места за живеење, додека сè уште работат за истите работодавци, само од друго место.

Ќе се дружиме помалку на работа, а повеќе во нашите заедници – на многу вработени кои ги замениле класичните канцеларии со домашни канцеларии им недостасуваат колеги и дружење. Тоа треба да продолжи и во иднина, но Гејтс очекува дека ќе се дружиме повеќе и со пријателите но и ќе поминуваме повеќе време со семејството.

Работите нема да се вратат во нормала подолго време – зборувајќи во ситуацијата во САД, Гејтс верува дека кога вакцината најмногу ќе го неутрализира КОВИД-19 во таа земја, но работите сè уште нема да се вратат во нормала во целост. Тоа ќе се случи само кога целиот свет ќе ја надмине болеста, а дотогаш многумина би можеле да бидат конзервативни во однесувањето, што е особено точно за постарите лица. Значи, ќе се вратиме во нормала само кога целиот свет целосно ќе ја победи пандемијата.

Ќе бидеме многу поподготвени за следна пандемија – додека светот не беше подготвен за КОВИД-19, кога повторно ќе се појави вирус за кој нема да имаме вакцина или лек, светот ќе биде многу поподготвен за тоа. Тој верува дека ваквиот вирус ќе има помалку разорно дејство затоа што ќе имаме подобри алатки за тестирање, како и ова одлично и поучно искуство.

„Нема да бидеме толку глупави следниот пат“, рече Гејтс. И покрај овој оптимизам, можеме само да се надеваме дека со пандемиите, откако коронавирусот ќе стане минато, повеќе нема да се соочуваме со него и дека никогаш повеќе нема да мора да одиме во карантин и да заклучуваме држави и целиот свет.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...