Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ПРЕДИЗВИК: НАЈДЕТЕ МААНА НА АНГЕЛОТ НА ВИКТОРИЈА СИКРЕТ – КЕНДИС Е ПЕРФЕКТНА

Сланиот модел роден во Јужна Африка и ангел на „Victoria Secret“ Кендис Свонпул (32) го покажа своето неверојатно секси тело на плажа во Мајами додека уживаше во сончевиот ден со пријателите.

Имено, убавата русокоса се сончаше и се капеше во минијатурно црвено бикини и се чинеше дека не се плаши од новиот бран на пандемијата на вирусот корона, бидејќи не одржуваше социјална дистанца.

32-годишната манекенка го покажа рамниот стомак и неверојатно долгите нозе, како и подигнатиот задник на кој ѝ завидуваат жените ширум светот, а кога се сврте сите гледаа во нејзиниот танга костим за капење.

candice-swanepoel-2-830x0
profimedia-0569384140-830x0

Совршена фигура и раст, правилно држење на телото, насмеано лице – сето тоа се атрибутите кои го красат славниот „ангел“, а кога ќе стапне на пистата, Кендис е секогаш најзгодна од сите и уште еднаш докажа зошто била една од 8-те најплатени модели во светот.

Кендис изгледаше многу среќно со своите пријатели, иако во моментов е сингл и нема љубовен партнер.

Да потсетиме, летото 2019 година, Кендис на социјалните мрежи објави дека е сама откако 14 години беше во врска со бразилскиот модел Херман Николи (37), со кого има два сина.

Тие започнале да се забавуваат во 2005 година, кога таа имала 17, а тој 23. Тие се верија во август 2015 година и се разведоа во ноември 2018 година. Како што е познато, Херман беше првиот и единствениот партнер на убавата Кендис, а оттогаш не е познато дека убавицата била со некој друг.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...