Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

НАЈРАДИКАЛНИ МЕРКИ ДОСЕГА: ЦЕЛА ДРЖАВА ВО КАРАНТИН ПОРАДИ САМО ЕДНО ЛИЦЕ

Строгиот карантин во Јужна Австралија е воведен бидејќи лице заразено со коронавирус ги лажело здравствените службеници кои ги следат контактите, па мерките за затворање може да бидат ублажени многу порано од планираното.

Шокантната објава следи само два дена откако властите им наредиле на луѓето да останат дома и затвориле многу компании, поради, како што верувале, опасно жариште. Премиерот на Јужна Австралија, Стивен Маршал на прес-конференција објави дека еден маж во пицеријата поврзана со избивањето на заразата ги лажел лицата кои ги следат контактите на заразените, тврдејќи дека таму само купил пица, а всушност работел во пицеријата.

Властите мислеле дека се заразил за време на краткото излегување, а тој работел неколку смени во пицеријата со уште едно лице позитивно на вирусот.

Поради неговите лаги, властите верувале дека видот на вирусот е многу заразен бидејќи, како што изгледало, биле потребни 24 часа или помалку за новозаразеното лице да стане заразно за други.

„Да се каже дека сум лут поради постапките на овој поединец е апсолутно потценување на ситуацијата. Себичните постапки на тој поединец ја доведоа целата држава во тешка положба, рекол тој.

Маршал рекол дека ограничувањата би можеле да бидат ублажени и порано, а одредбата да се остане дома ќе заврши во сабота на полноќ, кога ќе може да отворат многу компании.

Се очекува дека бројот на нови случаи овие денови ќе порасне, но ширењето на заразата не е толку алармантно како што се стравувало.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...