Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: ОД ДЕНЕС КРИЗНА СОСТОЈБА

Владата на денешната 23-та седница донесе Одлука за постоење на кризна состојба на целата територија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.

Ова е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, по претходен предлог на Групата за процена. Претходно на седница, Советот за безбедност препорача прогласување кризна состојба на целата територија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради корона-кризата.

Периодот за постоење на кризна состојба на територија на Македонија е во траење од 30 дена, почнувајќи од 20 ноември 2020 година и за оваа Одлука Владата ќе го извести Претседателот и Собранието.

Истовремено, Владата ќе му предложи на Претседателот да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата (вид и број на сили и капацитети на армиските единици, намена и задачи за кои се бараат и времетраењето на активноста и ангажираноста на армиските единици) во справување со кризната состојба.

Владата заклучи, Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на Акциски план за превенција и справување со ширењето на заразната болест КОВИД-19, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување.

Владата донесе заклучок и Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за здравство, Армијата, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, сите расположливи капацитети и ресурси да ги стават во функција на справување со кризната состојба.

На денешната 23-та седница, Владата ја разгледа и прифати Информацијата за изменување и дополнување на Уредбата за личностите  објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, поради потребата од доуредување на формално-правните одредби во однос на поддршката на Министерството за внатрешни работи од страна на Министерството за одбрана и Армијата на РСМ, а во врска со предлогот за  прогласување на  кризна состојба во  Македонија. Измените се утврдуваат во заедничка координација помеѓу горенаведените државни органи и претставник од Кабинетот на Претседателот на РСМ.

На денешната седница, Владата заклучи да се измени Заклучокот донесен на Првата седница на Владата, одржана на 1 септември 2020 година, со кој Љупчо Николовски е определен  за претставник на Владата од редот на министрите, којшто ќе учествува на неделните координативни средби во Собранието  и го определи м-р Бојан Маричиќ, министер за правда, за претставник на Владата од редот на министрите, којшто ќе учествува на неделните координативни средби во Собранието.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...