Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ: Трогателна животна исповед на српската пејачка

Фолк-пејачката Стојанка Новаковиќ Стоја имала син Милан кога имала само 17 години.

– Се омажив многу млада, на 16-годишна возраст, со човек кој неизмерно го сакав, како што тој ме сакаше мене. Јас го родив мојот син Милан на седумнаесет години и наскоро започнав да настапувам со бенд, со согласност на мојот сопруг. Таа идила траеше до мојата 19 година, кога се случи таа несреќа, тогаш сè тргна наопаку – рече Стоја!

Како што рече, семејството на нејзиниот сопруг не ја сакало и таа не била во добри односи со семејството, што не се согласувало со нејзиниот ран брак.

– Истиот ден кога беше погребан мојот сопруг, неговото семејство ме фрли на улица мене и моето дете  кое имаше помалку од три години! Јас дури и не стигнав да си ги земам работите, излегов без ништо. Моето семејство пак ми рече уште порано, кога решив да се омажам, дека повеќе не смеам вратам кај нив. До доцна во ноќта, шетав низ селото и врескав и плачев гласно! Следните неколку месеци, јас и мојот син бевме со мои ппријатели, го делевме последното парче леб, додаде Стоја.

Сепак, таа успеала да го однесе синот на вистинскиот пат и денес тој работи во психијатриска болница и има две деца.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...