Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ТРОГАТЕЛНА СНИМКА ОД БОЛНИЦА: Живее на респиратор, ја земе виолината и почна магијата

Трогателното видео покажува како интубиран пациент кој страда од коронавирус од Јута свири виолина, со што му се заблагодарува на медицинскиот персонал кој се грижи за него.

Грувер Вилхелмсен (70), пензиониран наставник по музичко, бил ставен на апарати за дишење откако се заразил со коронавирусот.

Не можејќи да зборува, пронашол начин да му изрази благодарност на медицинскиот персонал што се грижи за него. На видеото се гледа како тој седи на креветот додека свири на неговиот омилен инструмент. Многумина плачеа поради неговиот потег.

 Неверојатно е за персоналот да гледаат како пациентот го прави ова додека е интубиран – рече медицинската сестра Кјара Саше.

Голем број медицински работници се собраа пред неговата соба да уживаат во неговиот перформанс.

Вилхелмсен свирепе неколку часа два дена, пренесува Њујорк пост.

Наставникот е во болницата повеќе од еден месец и се бори со оваа болест. Неодамна бил отпуштен од интензивна нега и пренесен на одделот за да се опорави.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...