Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

После статусот на Мицкоски започна линч на Телма и новинарите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките режими. Мицкоски меѓу другото обвини дека телевизијата три години лаже, измислува, конструира, напаѓа за на крајот да го цензурира.

Неговиот коментар предизвика говор на омраза и лавина навреди за новинарите и телевизија Телма.

Во коментарите на статусот на фејсбукот на Мицкоски се случува линч на новинарите и Телевизијата. Следбениците на Мицкоски пишуваат од лични навреди до повици на плукање и затварање на телевизијата. Еве дел од нив:

“Телма најкуртонска телевизија и најсеверџанска телевизија” “Доста ве замајуваат наркоманите шарени и платеници од сдс, ја бојкотирам Телма, сите се поткупени од сдс” “не треба дс жалете за биртија како телма” “батали ова комуњарските телевизии” “најскапа и најмрачна телевизија со уште помрачни новинари”” одамна има земено страма оваа телевизија, краток и е векот”” требаше сите да завршат како А1″ “Телма е од Смрдевци” “Што бараш у таа квази телевизија?” “кој глеа тоа срање” “грчка телевизија е Телма, 100% антимакедонски медиум” “Гнојот Боби Христов ли да го удостоиш?” “На пазар нема да можат да отидат и шлајмови ќе лапаат од народот”

Пресметката со Телма веќе ја имаа започнато пратеници, медиуми и новинари блиски до Мицкоски

Коментарите не се отстранети ниту пак Мицкоски се огради од тешките навреди и повици за напади на новинари.

најчитани вести

Македонија

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Анита Ангелевска која викендов побара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски за „Утрински брифинг“ на Слободен печат појасни...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Македонија

Христијан Мицкоски минатата недела во тајност заминал од државата и според високи партиски извори отишол на средби во Белград. Од партијата официјално молчат околу...