Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ПЛАТА ИЛИ КУРШУМ: Сопругата на Пабло Ескобар сеуште живее во страв

„Плата или куршум“ или на шпански „plata o plomo“ е начинот на кој Пабло Ескобар ја држеше цела Колумбија во рака, а денес, скоро 30 години по смртта (убиен на 2 декември 1993 година) на кралот на кокаинот, неговата сопруга живее во страв.

Тоа беше ултиматум што тој го даваше на секој полицаец или на кој било друг што му застануваше на патот. Во превод, тие можеа да изберат дали да го сторат тоа што го сакаше Пабло или да добијат сребрен куршум.

Пабло Ескобар ја изгради својата империја, покрај кокаинот, на лојалност, насилство и мито.

Во рацете држеше 80 проценти од светската трговија со кокаин. Снимена е многу успешна серија „Narcos“ за неверојатниот живот на најпознатиот и најбогатиот дилер на дрога во светот, што го полуде светот.

Денес, скоро три децении по смртта на Ескобар, ЦИА сè уште трага по неговите тајни залихи, па лесно е да се замисли дека бракот со таков човек е навистина приказна само по себе.

Серијата ја претставува неговата сопруга Марија Викторија Енао како лојална и пресметана, но потребно е да се разликува реалноста од фикцијата.

Ескобар беше син на скромен земјоделец и учител, а Марија потекнува од многу попрестижно семејство. Кога се запознале имала само 13 години, а се омажила на 15 години. Бидејќи била и полни 11 години помлада од Пабло, нејзиното семејство не било воопшто воодушевено од целата приказна. Тие се обидоа да ги спречат да се гледаат, сметајќи дека е премногу поедноставено за Марија.

Сепак, таа беше тврдоглава и бунтовна, а нејзините зборови за тоа зошто се омажи подоцна ги раскажа нивниот син: “Се заљубив во неговата желба да им помага на другите луѓе и неговата емпатија кон оние кои имаат потреба. Двајцата потекнувавме од сиромашни места и сонувавме за тоа како ќе градиме училишта за сиромашните таму. Од самиот почеток, тој секогаш бил џентлмен“.

Изгледа дека не била многу запознаена со бизнисот на нејзиниот сопруг. Се претпоставува дека тие многу се сакале, но и Екзобар сакал да „шврља“, па тој бил во врска со новинарката Вирџинија Валехо пет години.

По смртта на кралот на кокаинот, неговата сопруга и децата побегнале во Буенос Аирес, плашејќи се од одмазда од ривалските наркокартели.

Аргентина им даде азил, а таа го смени името во Марија Изабел Сантос Кабалеро. Пред тоа, семејството отпатувало за Мозамбик, па дури и Ватикан го молеле за помош, но тие биле одбиени. Дури и со нов идентитет, животот во Аргентина не беше лесен. Неколку часа откако беше јавно откриено дека живеат во таа земја во 1999 година, Марија и Хуан Пабло беа уапсени под обвинение за перење пари.

Марија и денес останува своевидна мистерија. Никој не знае каде е.

Се претпоставува дека и таа е во Аргентина, бидејќи нејзините деца сè уште се во таа земја.

Но, има и некои тврдења дека таа се преселила во Северна Каролина, САД, под поинаков идентитет. Нејзиното последно појавување во јавноста беше во документарниот филм „Гревови на татко ми“ во 2009 година, со кој Хуан Пабло бараше искупување за однесувањето на неговиот татко.

најчитани вести

Македонија

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдија за МИА од Министерството...

Македонија

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Анита Ангелевска која викендов побара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски за „Утрински брифинг“ на Слободен печат појасни...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...