Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

НОВИ СИМПТОМИ НА КОВИД-19 – листата е проширена

Температурата, кашлицата и краткиот здив се добро познати симптоми на ковид-19, но постојат и други алармантни како слабост, лош шеќер во крвта и гастроинтестинални тегоби, како што покажала објавената студија во магазинот “American Journal of Emergency Medicine”.

Така листата на симптоми на корона вирус уште еднаш е проширена, а добиена со анализа на околу 12 000 возрасни пациенти кои се примени на одделенијата за итна помош во пет њујоршки болници.

Кај 57, 5 % од пациентите кои пријавиле општа слабост или промена на менталната состојба откриен е Ковид-19, како и кај 55,5 % кај кои шеќерот бил надвор од контрола. Кај пациентите со гастроинтестинални проблеми се покажало дека 51,4 % имаат корона вирус, пренесува Вашингтон пост.

Главно на нетипични симпотоми како слабост, умор и дијареја се жалеле пациенти постари од 65 години, покажала студијата. Исто така, истражувачите забележале дека пациентте со променета ментална состојба кои паѓале, биле исклучително дехидрирани и имале висок шеќер во крвта, се со зголемен ризик од смртност како резултат на компликации предизвикани од вирусот.

„Новите откритија би можеле да им помогнат на болниците да пружат подобра нега, а важни се и за членовите на семејствата и луѓето кои работат со постари лица за подобро да ги идентификувааѕ можните знаци на зараза со Ковид-19“, истакнува коавторот на студијата Кристофер Клифорд од една њујоршка медицинска школа. 

најчитани вести

Македонија

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Анита Ангелевска која викендов побара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски за „Утрински брифинг“ на Слободен печат појасни...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Македонија

Христијан Мицкоски минатата недела во тајност заминал од државата и според високи партиски извори отишол на средби во Белград. Од партијата официјално молчат околу...