Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

НАРКО-БАБА: Била шеф на криминална група, а се правда дека продава лазањи

Римската полиција ја уапсила 70-годишната Бјанка Зарфати, позната под надимакот „тетка Бајнка“, која како шефица на бандата била обвинета дека разнесувала дрога во севернот дел на Рим.

Снимки од телефонските разговори откриваат дека членови на бандата меѓусебно се разбирале користејќи шифриран јазик, па дрогата ја нарекувале „поховани лепчиња, лазањи или шпагети со школки“.

Кога уапсената „тетка Бјанка“ се бранела пред судот рекла дека само разменувала кулинарски рецепти.

Бандата била специјализирана да разнесува кокаин, а телефонско прислушкување покажало дека меѓусебно се жалеле дека се ретки оние кои се уште работат сериозни, на стариот начин и кај кои се уште вреди дадениот збор.

Покрај шефицата уапсени се и десетина нејзини работници, а за седуммина е потврдено дека примале парична месечна помош од државата предвидена за лица кои се без никакви или со приходи помали од минимумот за преживување.

најчитани вести

Македонија

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Анита Ангелевска која викендов побара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски за „Утрински брифинг“ на Слободен печат појасни...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Македонија

Христијан Мицкоски минатата недела во тајност заминал од државата и според високи партиски извори отишол на средби во Белград. Од партијата официјално молчат околу...