Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Кисинџер со предупредување до Бајден: Светот може да западне во КАТАСТРОФА

Поранешниот државен секретар на САД, Хенри Кисинџер го предупреди Џо Бајден, за кого проекцијата покажува дека е иден американски претседател, дека неговата администрација треба брзо да започне со обновување на комуникацијата со Кина или да ризикува кризата да прерасне во воен конфликт.

– Ако нема основа за какво било заедничко дејствување, светот ќе падне во катастрофа што може да се спореди со Првата светска војна, рече Кисинџер за време на воведната сесија на Форумот Блумберг за новата економија.

– Америка и Кина сега се повеќе се склони кон конфронтација и ја водат својата дипломатија на конфронтативен начин. Постои опасност да се појави криза што од реторика ќе се претвори во вистински воен конфликт, рече Кисинџер.

Американско-кинеските односи се на најниско ниво во последните неколку децении, а по избувнувањето на пандемијата, која започна во кинескиот град Вухан, американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Кина за ширење на вирусот.

најчитани вести

Забава

ОВЕН Работа: Под голем стрес сте на работа. Не само што имате проблеми за реализација на плановите, туку добивате лоши вести за финансиите. Љубов:...

Забава

Сансевиерија е цвеќе кое не бара многу грижа – се пресадува на секои 2 до 3 години во малку поголема саксија Почвата треба да...

Македонија

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдија за МИА од Министерството...

Македонија

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Минималната...