Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА КОВИД-19 КОЕ ВЛЕВА НАДЕЖ ЗА СВЕТОТ

Имунитетот на вирусот корона може да трае со години, а можеби дури и со децении, според новото истражување на еминентни научници од лабораторијата, според кое луѓето кои се опоравиле од COVID-19 развиле трајно ниво на Б и Т-клетки.

Овие клетки се неопходни за организмот да се бори против вирусот и можат да бидат присутни во организмот многу долго време.

Истражувачите анализирале примероци на крв од 185 пациенти на возраст од 19 до 81 година кои биле позитивни на коронавирус на почетокот на пандемијата и откриле дека повеќето од нив имаат доволно имунолошки клетки за да се борат против вирусот и да спречат повторна инфекција.

Покрај тоа, антителата се покажаа издржливи, со исклучително ниска стапка на опаѓање, што значи многу години, и потенцијално децении заштита од коронавирус, пренесува Форбс.

Луѓето кои имале SARS имале имунитет 17 години

Иако оваа студија сè уште не е разгледана, „New York Times“ ја нарекува „најсеопфатна студија за реакцијата на имунитетот на вирусот корона“.

Дописникот на New York Times“, Апурви Мандавили објаснува дека огромното мнозинство на лица заразени со вирусот корона ќе бидат „заштитени од повторни инфекции за многу долго време“, додека вакцините можат да создадат уште подолга заштита на имунитетот.

  • Веројатно нема да треба да ги вакцинираме луѓето секоја година како што се плашевме, пишува Мандавили.

Научниците неодамна открија дека луѓето кои го преживеале вирусот SARS, кој е исто така предизвикан од вирусот корона, сè уште носат важни имунолошки клетки 17 години по инфекцијата. Истражувачите исто така се надеваат дека студијата за антитела може да помогне во развој на лекови за спречување или лекување на COVID-19.

најчитани вести

Забава

ОВЕН Работа: Под голем стрес сте на работа. Не само што имате проблеми за реализација на плановите, туку добивате лоши вести за финансиите. Љубов:...

Забава

Сансевиерија е цвеќе кое не бара многу грижа – се пресадува на секои 2 до 3 години во малку поголема саксија Почвата треба да...

Македонија

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдија за МИА од Министерството...

Македонија

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Минималната...