Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Е ОВА Е ДИРЕКТОР – НАД МИЛИОН евра ПОДЕЛИ НА РАБОТНИЦИТЕ: Вие ги заслуживте!

Лери Конор, директорот на американската компанија за недвижнини, со своите вработени ја сподели добивката од 1,6 милиони долари (околу 1,5 милиони евра), што ја оствари на берзата за само осум дена, пренесува БИЗЛАЈФ.

Бонусите се движеа од 2000 до 9 000 УСД, во зависност од позицијата во која работат вработените.

Како што рече, тој верува дека за време на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, сите треба да се држат заедно и затоа тој со задоволство го споделил профитот со оние кои учествувале во таа добивка, „оние кои навистина преземале акција во тешки моменти“

„Не го сметам за подарок, вие го заработивте“, рече Конор.

Минатиот месец Конор ги изненади своите 400 вработени за време на видео конференција со веста дека планира да им исплати бонус. Работниците биле шокирани, а некои дури започнале да плачат од среќа.

„За мене, ова е благослов. Тоа ми значи неверојатна работа “, рече вработената во компанијата, додавајќи дека планира финансиски да му помогне на семејството, како и дека товарот паднал од грбот.

Конор Груп, со седиште во Дејтон, поседува и управува со заедници за луксузни станови на 14 пазари, според нејзината веб-страница.

најчитани вести

Македонија

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Анита Ангелевска која викендов побара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски за „Утрински брифинг“ на Слободен печат појасни...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Македонија

Христијан Мицкоски минатата недела во тајност заминал од државата и според високи партиски извори отишол на средби во Белград. Од партијата официјално молчат околу...