Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Демагогијата на Мицкоски оди во полза на Заев

Тие што бирале треба да бараат отчет од избраниот функционер ама само ако станува збор за некој друг.
Ваква е политичката логика на Христијан Мицкоски преку која делува во Собранието.

Пратеникот Антонио Милошоски, вчера преку Фејсбук го повика министерот за внатрешни работи, Никола Димитров да си поднесе оставка.
„Размазениот министер во септември 2018, кога ги манипулираше сопствените симпатизери пред референдумот, викаше “од нас зависи” европска Македонија. Се сликаше со премиерот во авион, лажеше дека имаме датум за ЕУ, имаме план, дека тие како влада се најдобри, ќе не’ биде и во Брисел и во Софија со “добрите” договори што ги потпишале!
Но, вчера на Телма вика не чувствувам одговорност, не зависи од нас!? Владата не била одговорна што доживеавме и безброј национални понижувања, и вето за ЕУ?! А кој лажеше за датум, ако не Димитров? Кој потпишуваше штетни договори? Кој беше арогантно глув за сите забелешки на кои укажуваше опозицијата? Затоа министре Димитров, што од кого зависи ќе видиме кога ќе ни дојдеш во Собрание на интерпелација! Со маска , со шал, со дистанца, со се! Интерпелацијата можеш да ја избегнеш единствено ако во меѓувреме си поднесеш оставка , но за тоа е пресудно дали ти е побитен политичкиот морал, или политичката фотеља. Ти си знаеш!“, напиша Милошоски.

Барањето на Милошоски е сосема логично особено заради тоа што пратениците го гласаа Димитров за член на владата и му дадоа мандат да работи после изборите. Барањето на Милошоски добива на легитимитет и заради тоа што претходно Димитров не се појави пред матичната комисија да даде отчет за отвореното прашање со Бугарија.

Тогаш Милошоски, како претседател на Комисијата за надворешни работи жестоко го нападна вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров нарекувајќи го размазениот МИНИСТЕР.
„Не сакал да го загрозува своето здравје, за да си ја работел работата?! Колку лицемерно, кога се знае дека дел од неговата висока министерска плата, со личен шофер и службено возило ја зема за да работи, меѓу другото, и за давање отчет и пред пратениците, со присуство во Собранието.

Мицкоски нема намера за отчет пред тие што го бирале

Веднаш по објавувањето на новата владина коалиција, односно по неуспехот на Мицкоски да формира влада, се формираше Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес на кој што делегатите кои го бирале Мицкоски, би ја рагледале неговата одговорност и би гласале доверба.

„Виновен е тој што не ги искористи капацитетите на партијата и форсираше поделби наместо да ги обедини силите. Виновен е тој што не успеа да изгради и да заземе цврст став по ниту едно прашање. Одговорност за неуспесите мора да има. Кога еден тим губи не може да биде одговорна публиката на играчите кои биле оставени на клупа или домарот кој се грижи за соблекувалните. Одговорен е тој што го води тимот, а тимот на ВМРО-ДПМНЕ го водеше господинот Хрисијан Мицковски. ВМРО ДПМНЕ со Мицкоски како претседтел за кандидат на овие избори излезе со програма и кандидати за пратеници кои не успеја да обезбедат поддршка од граѓаните. Кадрите на Мицкоски и во техничката влада не успеаја да се наметнат како лица кои на граѓаните ќе и покажат нов и различен начин на водење на институциите и ќе одговорат на предизвиците со кои беа соочени. Вината повторно може да се префрла, но вистината е една, вистината е дека најдоговорен е тој што го состави тимот“ изјави поранешната пратеничка Весна Дамчевска.

„Би било кукавички чин лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да даде оставка, во околности кога Зоран Заев и СДСМ буквално ја тероризираат и ја крадат цела држава“, реагираа тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.

Еден месец подоцна, на 21 Септември, за да избегне соочување со делегатите кои го избрале на конгрес, барањето на иницијативниот одбор Мицкоски го предложи до централниот комитет кој му е под контрола. Исходот е дека Мицкоски не мора да има отчет пред делегатите што го бирале.

Заев сега ги користи истите аргументи како Мицкоски кога од него се бара одговорност за неуспехот

Зоран Заев во интервју на ТВ21 потврди дека нема намера да понесе одговорност за неуспехот во евроинтеграциите. Опозициските барања за оставка, како што изјавуваат од Владата нема да се реализираат бидејќи според нив во овој момент таков чекор ќе биде неодговорен кон мнозинството граѓани кои само пред неколку месеци им ја дале довербата.

Се додека опозицијата не почне да го почитува зорот , тешко дека ќе може да биде искрен и сериозен коректив на власта и дека барањата за одговорност нема да бидат толкувани во јавноста како чиста демагогија.

Демагогијата се дефинира како политичка стратегија со цел на стекнување на политичка моќ, преку одбрана на вообичаените предрасуди, стравови и очекувањата на еден колектив или општество. Типична стратегија на демагошките говори е реторика и пропаганда, како и популизам. Според Аристотел, демагогијата е облик на воспоставување на демократија, по која доаѓа до тиранија на групата или поединецот. Демагозите, потпирајќи се на масата, сметајќи на нејзината незрелост, ветувајќи брзо исполнување на желбите, го забрзуваат целосниот преврат во државата. Демагогијата е пракса со која власта ги оддалечува граѓаните од вистинското учествување во јавните работи.

најчитани вести

Забава

ОВЕН Работа: Под голем стрес сте на работа. Не само што имате проблеми за реализација на плановите, туку добивате лоши вести за финансиите. Љубов:...

Забава

Сансевиерија е цвеќе кое не бара многу грижа – се пресадува на секои 2 до 3 години во малку поголема саксија Почвата треба да...

Македонија

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдија за МИА од Министерството...

Македонија

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Минималната...