Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Холивудски ѕвезди го купија еден од најстарите клубови во светот: „Ако не сте слушнале за него досега, допрва ќе слушнете…“

Холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Роб Мекелени станаа сопственици на еден од најстарите фудбалски клубови – Врексам од Велс. Актерите платиле 2,5 милиони долари за да го купат клубот.

Врексам е формиран во 1864 година, а во последната деценија не е баш успешен. Моментално е во петтата по ранг лига во Англија, а максимумот што го има достигнато е Лига 1 (третата по ранг лига) во сезоната 2004/05.

Можеби не сте слушнале за Врексам или за „Рејскорс граунд“ претходно, но допрва ќе чуете“, изјави Рејнолдс.

Од 2011 година клубот беше во сопственост на навивачите, а сега двајцата актери ќе се пробаат како менаџери и бизнисмени и ќе се обидат да го кренат клубот да повисоко ниво.

Инаку Врексам дури 23 пати го освоил велшкиот Куп, а во минатото има и настапи во европските купови.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...