Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ХАОС ВО ДРЖАВАТА – ТРЕТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

Перу го доби својот трет шеф на државата за една недела, откако Конгресот го избра конгресменот Франциско Сагасти за привремен претседател, со што треба да се стави крај на политичката криза и протестите што избувнаа по соборувањето на популарниот претседател Мартин Вискара минатата недела.

Сагасти, 76-годишен инженер и академик, ќе ја води земјата до претседателските избори следната година, пренесува ВВС.

Минатата недела Конгресот гласаше за импичмент на Вискара поради обвинувања за корупција, а неговата должност ја презеде претседателот на тоа тело, Мануел Мерино, по што избија крвави протести во кои беа убиени најмалку две лица.

Сагасти е член на центристичката партија Морадо, единствената која гласаше во Конгресот против импичментот на Вискара.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...