Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Македонија има нов репрезентативец со НБА искуство

Кошаркарот на шпанскиот ACB лигаш, Гран Канарија, Џејкоб Вајли (26 години- 203 сантиметри), ќе биде во конкуренција за едно од 12. места во репрезентацијата на Македонија на претстојниот квалификациски турнир во Естонија.

И дефинитивно процедурата за неговото добивање македонско државјанство е завршена на време, и тој е веќе регистриран во канцеларијата на ФИБА.

„Во оваа прилика сакам да му се заблагодарам на претседателот на федерацијата, Перо Антиќ, за можноста и за честа која ми е укажана од нивна страна! Јас сум многу благодарен за можноста да помогнам во претставувањето на Македонија заедно со националниот тим. И кога ми беше презентирана идејата да играм за оваа кошаркарска земја, не се двоумев да кажам да. Сакав да учествувам во ова“- изјави Вајли по доаѓањето во Скопје, каде во текот на денот требаше да ги заврши оние неопходни формалности за добивање на македонската патна исправа.

Тој одработи 90-минутен индивидуален „воркаут“, односно тренинг во СРЦ „Кале“. Секако се со цел да биде максимално подготвен за она што на крајот на овој викенд го очекува како клупска обврска со неговиот клуб Гран Канарија. А веќе од првиот ден од наредната седмица, и со нашиот национален тим.

Станува збор за крилен центар кој треба да ја пополни позицијата „4“, на која досега од натурализираните кошаркари ги имавме на располагање Ричард Хендрикс, а потоа и и Шејн Витингтон, кои сега играат во Јапонија и кои поради строгите здравствени процедури во „земјата на изгрејсонцето“ не се во можност да  настапуваат во „црвено-жолтиот“ дрес на нашиот национален тим .

Џејкоб Вајли има искуство и од НБА лигата. Во 2017 година, сега веќе новиот Македонец одигра пет средби во дресот на Бруклин нетс. Наредното лето  играше и за Далас маверикс во летната лига. Минатата сезона настапуваше за Панатинаикос, а има искуство од играње во Германија и од далечната Австралија.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...

Македонија

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, велат оттаму. Само на територијата на...