Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Илон Маск станува трет најбогат човек во светот

Основачот и извршен директор на компанијата за електрични автомобили „Тесла“, Илон Маск, е на прагот да го престигне креаторот на Фејсбук, Марк Закерберг како трет најбогат човек во светот. Причината се акциите на Тесла скокнаа дури 13% откако компанијата се приклучи на престижниот индекс на водечките американски компании S&P 500.

Последниот скок на цената на акциите на Тесла, кој веќе порасна скоро 500% оваа година, се очекува да го зголеми богатството на Маск за околу 15 милијарди долари на околу 117,5 милијарди долари, според „Гардијан“.

Ова го става 49-годишниот претприемач на третото место на рангирањето на најбогатите луѓе во светот според „Индексот на милијардери Блумберг“, пред 36-годишниот Закерберг , чие богатство се проценува на 106 милијарди долари. Индексот во моментов го става Маск на четвртото место со 102 милијарди долари, но сè уште нема додадени нови милијарди на неговото богатство по скокот од 13% на акциите на Тесла.

Така, само оваа година, Маск, кој поседува 20% од „Тесла“ и е сопственик на ракетната компанија „Спејс Икс“, регистрира зголемување на своето богатство од околу 90 милијарди долари.

Единствените луѓе во светот кои се побогати од Маск се основачот на Амазон Џеф Безос со богатство од 184 милијарди долари и основачот на Мајкрософт Бил Гејтс со богатство од 129 милијарди долари.

Tesla сега има најголема пазарна вредност од која било друга автомобилска компанија во светот. Компанијата дури се рангира пред гигантите Тојота, Фолксваген и Џенерал моторс, иако произведува многу малку автомобили во споредба. Пример – Тесла очекува да испорача до 500.000 возила оваа година, што би било само 5% во споредба со Тојота, која има годишно производство од околу 10 милиони возила.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...