Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Доаѓа “МОДЕРНА” – вакцината која ќе го покоси Ковид-19

Американската компанија „Модерна“ вчера објави дека нивната вакцина против КОВИД-19 покажала ефикасност во 94,5 проценти од случаите. Така, „Модерна“ заедно со руската вакцина „Спутник V“ и онаа произведена од „Фајзер“ и „БиоНТек“, влегоа во трката за најефикасна вакцина против коронавирусот.

Што покажаа резултатите од претходните тестови?

Во студијата учествувале 30 000 луѓе во САД; на половина им биле дадени две дози од вакцината, со разлика од четири недели. На другите им бил даден плацебо.

Анализата се заснова на првите 95 случаи кои развиле симптоми. Само пет случаи добиле вакцина, а 90 добиле плацебо.

За време на истражувањето, имало 11 случаи на тешка состојба поради Ковид, но оние кои примиле вакцина не биле сериозно загрозени.

Како изгледа споредбата?

„Модерна“ објави дека нејзината вакцина е ефикасна 94,5 проценти, „Фајзер“ и „БиоНТек“ објавија дека нивната вакцина е ефикасна 90 проценти, а производителот на руската вакцина објави дека руската вакцина против ковид-19 е 92 проценти ефективна.

Треба да се напомене дека истражувањето на руската вакцина се заснова на помалку од 20 случаи.

Интересно, добивме вести за ефикасноста на трите вакцини за само седум дена; најпрво објавија од „Фајзер“ и „БиоНТек“, два дена подоцна Русите го објавија најновото истражување за нивната вакцина, а седум дена по објавата на „Фајзер“ и „БиоНТек“ пристигна и истражувањето на „Модерна“.

Колку е комплицирана доставата на вакцината?

Вакцината „Фајзер“ и „БиоНТек“ бара специфични услови за чување – мора да се чува на температура од минус 75 степени Целзиусови, а дозволено да се отворат не повеќе од двапати во рок од 24 часа.

Во таа смисла, „Модерна“ вакцината е поповолна за транспорт – оптималната температура на складирање е минус 20 степени Целзиусови.

Како работи?

Како вакцината „Фајзер’, вакцината „Модерна“ содржи генетски код наречен mRNA. Кога се инјектира во телото, тоа ги активира клетките да создаваат протеини на коронавирусот. Тогаш имунолошкиот систем го препознава овој дел од вирусот и се бори против него кога ќе се појави „судир“.

„Модерна“ вакцинат треба да го научи телото да прави и антитела – и друг дел од имунолошкиот систем наречен Т-клетки за борба против коронавирусот.

Кои земји први ќе ја примат модерната вакцина?

САД, каде се тестира и произведува вакцината, 20 милиони дози треба да пристигнат до крајот на годината и ќе добие вкупно 100 милиони дози, со можност за купување на уште 400 милиони дози.

Јапонија нарача 50 милиони дози, Канада 20 милиони, Швајцарија 4,5 милиони, а земјите од Европската унија можат да сметаат на 160 милиони дози.

Меѓу другите приоритетни земји се Израел и Катар

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...