Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Детската радост е главната причина зашто СКОПЈЕ МОРА ДА БИДЕ УКРАСЕНО!

Како што се ближат новогодишните празници, на кои се радуваме сите, но секако најмногу најмладите, децата. За жал ова време-невреме со корона кризата ќе ја направи оваа нова година многу различна од сите претходни, а се надеваме и од сите наредни што доаѓаат.
Меѓудругото, корона кризата можеби здравствено не, но од социолошки аспект најмногу ги погоди децата. Речиси една година, нема дружење, нема радост, замре детскиот џагор и ги потисна нивните емоции на срдечноста.


После се ова, на нас како општество е одговорноста на децата да им овозможиме во рамки на дозволеното, сепак да го почувствуваат новогодишниот момент и симболика, а тоа е бојата на сијалиците, украсувањето, елките, лампионите, дедо мразовците, пакетчињата.
Тоа е нешто што најмалку можеме да направиме.
Затоа, овие драматургии на опозициската партија и нејзиниот лидер Мицкоски со кое бараат Град Скопје да се откаже од украсување се будалаштини.
Мицкоски бара 200.000 евра планирани за украсување да се пренаменат за амбулантни возила. Замислете, до таму дошла работата што Мицкоски со денови бара да му се прифати предлогот.
Значи, човеков е решен да ја ускрати и единствената радост на најмалите годинава.
Секако, тоа нема да му помине и кога може во оваа држава партиите да се финансираат со милиони од буџетот, можат и 200.000 евра да се одвојат за детската новогодишна радост.


Црнилата, темнината и депресијата не смее да ги дозволиме, барем за празниците.
Мицкоски, сепак може да одвои средства од оние милиони што ги зема од буџетот на државата и да донира за амбулантни возила.
Затоа, наместо 100.000 евра месечно да плаќа на обезбедување, службени возила и возачи за сопругата, првата вмровска дама, да купи бар две амбулантни возила.
И да. Секако градот Скопје мора да го овозможи украсувањето и да им пружи радост на децата, а предлозите за темнина и деструкција да ги отфрли.
Се работи за социолошка мерка, а за 200.000 евра државата нема да пропадне.


Барем толку им должиме на најмалите.
Град Скопје, почнувајте, украсувајте и израдувајте ги децста.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...