Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ГОРАТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Во Далас јасно снимено НЛО

Корисниците на социјалните мрежи останаа збунети кога на Интернет се појави видео со неидентификувани летечки објекти (НЛО) над американскиот град Далас.

Имено, во осум различни делови на Далас беа видени невообичаени светла, односно четири точки што се движат и во еден момент формираат форма што личи на квадрат. Набргу потоа, овие предмети продолжија да летаат во ред.

Теоретичарите на заговор сметаат дека очигледно станува збор за вонземјани.

– Многу вонземски видови претпочитаат топли и суви локации со помала надморска височина како што е Тексас. Тоа се 100 проценти вонземјани – коментираше еден од корисниците на социјалните мрежи.

Од друга страна, има и такви кои мислат дека на снимките се гледаат авионите на армијата на Соединетите држави, пренесува „Спутник“.

– Во Далас има неколку воени бази. Таквите хеликоптери често се користат за транспорт на ВИП од една до друга локација. Се плашам дека сепак тоа не се НЛО – истакна еден коментатор.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...