Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Шахпаска: Наша задача и заложба е обезбедување на подобри услови за живот на секој граѓанин

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на  Здружението на лица со посебни потреби  „СОС  ВИТА“, од Скопје на која разговараа за постоечките решенија и подршка на лицата со попреченост во нашето општество , но и унапредување на нивните права и услови со цел поголема вклученост во општественото живеење.

„Како дел од Владината програма, а во насока на унапредувањена правата на лицата со попреченост и овозможување на нивно подобро функционирање е и зголемувањето на додатокот за лицата со попреченост за 15% , но и овозможување на нивни пристап до сите институции до крајот на мандатот до 2024 година“ , истакна министерката Шахпаска.

Министерката информираше за последните измени со  Законот за социјална заштита, дека покрај паричните права, се оди чекор понатаму, со давање на социјални услуги на лицата со попреченост во нивниот дом, во нивната заедница, за што во тек е склучување на договори со 24 општини , како даватели на услуги.

„Наша задача и заложба е обезбедување на подобри услови за живот на секој граѓанин, а тоа го правиме преку обезбедување помош и поддршка на оние на кои им е потребна и тогаш кога нив им е потребна,“ рече министерката Шахпаска.

На средбата се разговараше и за социјалната реформа, која придонесе за унапредување на  правата на лицата со попречености, но и на семејствата коишто се грижат за нив односно траен надоместок за родител  кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст без да го смести во институција, за родители  коишто се невработени  и не користат право на пензија.

При тоа, користењето на правото за попреченост, со новиот Закон, се прошири со опфат лицата со интелектуална попреченост, а додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголеми до 50% од просечната нето плата.

Министерката посочи дека се работи и на ново законско решение кое ќе овозможи полесно вклучување на лицата со попреченост на пазарот на труд , преку проценка на неговата попреченост.

На крајот од средбата, министерката Шахпаска ја изрази нејзината подготвеност и заложба за понатамошно унапредување и заштита на правата на лицата со попреченост, со цел нивно поуспешно интегрирање во општеството.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...