6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Мицкоски се промовираше во слуга на Заев

  • Слуги на Зоран Заев се оние кои промовираат бојкот на изборите !
    Ова се зборови изречени токму од устата на Христијан Мицкоски на 16.02.2019 година во Струга на конвенцијата за избор на кандидат за Претседател на Македонија од најголемата опозициска партија.

Мицкоски тогаш ги убедуваше граѓаните дека на таа конвенција се бирал идниот Претседател на Македонија бидејќи ВМРО-ДПМНЕ било силно, моќно и ги научило грешките од минатото.
Затоа Мицкоски жестоко ги нападна сите оние кои заговараа неучество на избори на кои би се гласало на избирачки ливчиња каде што би стоело новото име.

  • Власта која е со изгубена доверба од народот пристапува кон стратегија на бојкот на претседателските избори, како и на поделба на десното гласачко тело, плодна почва за тоа наоѓа во спонзорираните поединци кои се на услуга на власта. Кои треба да делуваат како истурена постава за разјадување на десното крило“, рече тогаш Мицкоски.

Пандов се препозна во слугите на Заев

Александар Пандов кој во моментов е еден од најблиските соработници на Христијан Мицкоски и човек од доверба на Орце Камчев кој важи за патрон на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш се препозна во прозивките и навредите на Мицкоски.
Пандов на кој сега му е препуштен патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ тогаш соработуваше со антинато ориентираните структури кои повикуваа да се бојкотира се што го содржи новото име.

  • Ти ли „војводо“ дојде ред да ме нарекуваш слуга на Заев ? Кој си ти да судиш? Народот е Врховен судија, ене го каде е април. Остави го народот да пресуди кој е предавник и слуга на меџународна, а кој Македонец, родољуб и патриот ! Јас и пред да ти заврши приватната журка која си ја организирал во Струга да ти кажам : математички прецизно ти гарантирам историски најслаб резултат на следниве само претседателски избори, тебе и на goga_soros, порача Пандов.

Мицкоски ги загуби изборите и оствари најслаб резултат, но Пандов одлучи да прелета во скутот на гога сорос и да работи за неа и човекот што го навредуваше.
Една ипол година подоцна и Мицкоски ја смени плочата. Одеднаш бегањето од изборно соочување почна да го промовира како патриотски чин во полза на народот, а не како слугување на Заев.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести