Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ЗАХАРИЕВА: Бугарија во оваа фаза не може да ја поддржи преговарачката рамка со Македонија

Бугарија во оваа фаза не може да ја поддржи преговарачката рамка со  Македонија, како и одржувањето на првата меѓувладина конференција, затоа што предложениот нацрт не ги одразува бугарските барања и не може да биде поддржан во сегашната форма, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по денешниот видео-конференциски состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ.

– Позицијата на Бугарија се базира на рамковната позиција на Парламентот. Повеќе од една година таа и е позната во јавноста, вклучително и на македонските колеги. Таа беше пренесена и пред шест месеци за време на меѓувладината конференција, додаде Захариева.

Таа нагласи дека ги информирала остантите министри за надворешни работи на ЕУ за билатералните разговори меѓу Софија и Скопје и „му се заблагодарила на Берлин за помошта“.

Како што јави БГНЕС, Бугарија инсистира да се утврдат три услови во преговарачката рамка со земјава и тоа „придржување кон формулацијата за јазикот од 1999 година, потврдена и со Договорот за пријателство и добрососедство; утврдување план за спроведување на Договорот од 2017 година; и многу јасен и прецизен текст дека нема да има претензии за македонско малцинство во Бугарија“.

– Овие услови се уште не се вклучени во нацрт преговарачката рамка, нагласи Захариева.

Според Захариева, при носењето на одлуката за почеток на преговорите со земјава во март оваа година, јасно било посочено дека мора да има „видлив напредок во спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија“.

– Не веруваме дека има видлив напредок во спроведувањето на овој Договор, додаде Захариева.

Според неа, треба да се вложат повеќе напори во преговорите, бидејќи, како што рече, „поентата на подготовката за членство е да се направи Унијата посилена.

– Ако на масата на ЕУ има нерешени прашања, како што има меѓу некои земји членки, тоа нема да ја направи ЕУ посилна, нагласи Захариева, додавајќи дека засега Бугарија може да ја одобри само преговарачката рамка со Албанија затоа што земјата „ги исполнила повеќето услови поставени во март“.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...