Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Викендов опозицијата победи на избори во Молдавија и Босна – МИЦКОСКИ БЕГА ОД ИЗБОРИ ВО ШТИП

Во неделата во Босна и Херцеговина се одржаа локални избори на целата територија на државата. Според првичните резултати, победник на овие локални избори е опозицијата и од страна на аналитичарите се оценува како „мала револуција“ со помош на гласачкото ливче во поголемите градови и општини.

Над 3 милиони луѓе го сочинуваат гласачкото тело и покрај пандемијата со коронавирусот, стотици илјади излегоа и гласаа лично на гласачките места. Иако изборите беа локални, многумина веруваат дека тие ќе го отворат патот за ново целокупно раководство на земјата поради незадоволството на јавноста за тоа како владата се справува со пандемијата на коронавирусот.

Експертите и анкетите уште пред изборите посочија дека гласачите можат да ги користат локалните избори за да ги казнат трите владејачки партии за нивните лоши перформанси и континуираните скандали со корупцијата во услови на продлабочена здравствена, политичка, економска и социјална криза поврзана со КОВИД-19.

Во уште една европска земја во неделата се одржаа избори. Во Молдавија се одржа вториот круг од претседателските избори, на кои според централната државна изборна комисија победник е опозицискиот кандидат Маја Санду. Првиот круг од претседателските избори беше одржан пред две недели на 2 ноември. Пандемијата со коронавирусот не беше пречка 3.5 милионската Молдавија да организира национални избори во два круга во период од две недели кога бројките на заразени и таму рушат рекорди.

И во двете земји победата на овие избори ја однесоа опозициските партии и како една од главните причини за незадоволството на граѓаните од владеачките партии се споменува токму лошото менаџирање и справување со пандемијата.

Наредниот месец, на 6 декември, парламентарни избори ќе се одржат во Романија, која исто така е под силен удар на зголемен број на заразени со коронавирусот, но не стана збор за одложување на изборите.

За разлика од земјите каде што опозицијата гледа да го искористи моментот и да испрати порака до власта дека таа знае подобро да ги менаџира процесите и борбата со пандемијата , Мицкоски одлучи да ги бојкотира изборите во Штип.

Веќе информиравме дека Мицкоски има проблеми со пронаоѓањето на кандидат за изборите во Штип, а според познавачи на состојбите бојкотот е само обид да избегне уште еден пораз со што претседателот на најголемата опозициска партија се надева дека ќе успее да ја задржи позицијата.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...