Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона.
Ерика направи брз тест што сите пејачки мора да го направат пред да настапат во живо во Америка, а резултатите од тестот ги сподели на социјалните мрежи и откри дека брисот од едната ноздра е негативен, додека од другата е позитивен.
This is my third rapid test in 24 hours. SMH. It’s routine to take c19 test before a livestream broadcast for all band and crew. Earlier I took 2 and one was positive the other neg in separate nostrils ?? We need to investigate these tests further. I want my $ back . pic.twitter.com/AFIfX9Kg1q
— ErykahBadoula (@fatbellybella) November 13, 2020
- Ова е мој трет тест во рок од 24 часа. Требаше да го направам тестот затоа што е задолжителен за сите членови на бендот пред настапот во живо. Направив два теста порано, брисот од едната ноздра беше позитивен, додека од другиот беше негативен. Сакам да ми ги вратат парите, напиша пејачката на својот Twitter профил со коментар:
- Што е ова… па јас не шмркав корона. Таа додаде дека се однесува одговорно, дека е во изолација и дека се чувствува добро.
Еден од придружниците ја прашал што да прави кога ќе пристигнат ваквите резултати од тестот, а таа одговорила:
- Кога е нерешено, тие прават уште еден тест, одговори пејачката, која подоцна рече дека третиот тест е негативен.