7.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Иванка Трамп и Џаред Кушнер ги отпишаа децата од досегашното училиште

Иванка Трамп и Џаред Кушнер ги испушалесвоите деца од приватно училиште во Вашингтон, пренесува Си-Ен-Ен. Ова следело откако властите во оваа образовна институција изразија загриженост за нивното непочитување на мерките против ковид-19.

Властите на приватно училиште во Вашингтон, во кое учат трите деца на Иванка Трамп и Џеред Кушнер во последните три години, изразиле загриженост зарди јавното кршење на мерките против ковид-19, што може да се забележи кај родителите на децата, внуците на претседателот Доналд Трамп.

Изворот наведува дека Иванка Трамп и Кушнер повеќепати ги прекршиле упатствата утврдени во прирачникот за родители за мерките против ковид-19.

Поради приговори и барања за промена на однесувањето со цел да се заштитат од ковид-19, родителите одлучиле да ги отпишат децата од тоа приватно училиште.

Сепак, два извори наведуваат дека училиштето одлучило да се спротивстави на нивното непочитување на заштитните мерки и дека тоа го стори независно од поплаките на родителите.

Портпарол на училиштето одби да ги коментира наводите за Си-Ен-Ен.

Училиштето во моментов одржува часови во живо за ограничен број ученици, а превентивните мерки засновани на упатствата на Центарот за контрола и превенција на болести се однесуваат на вработените, децата, нивните родители и членовите на семејството.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести