Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ШОКАНТНО СВЕДОШТВО: Исмет од с.Љубин направил три тестови во рок од 72 часа – ЕДЕН ТЕСТ МУ БИЛ ПОЗИТИВЕН, А ДВА НЕГАТИВНИ!

Исмет Шкријељ од Љубин скопско, во несреќа при работа ја повредил ногата, поради што морал да замине на операција во Државна болница. Но, таму му рекле дека мора да се тестира на Ковид-19. Како што вели, првиот тест кој го направил во приватна лабораторија излегол позитивен, иако немал никакви симптоми. Поради тоа што не можел да ја поднесе болката во ногата, решил да се тестира по вторпат. Направил уште два теста, а резултатите од двата теста биле негативни, пишува ТВ21. 

Како што објаснува, за 72 часа се тестирал трипати, од кои два теста излегле негативни. На крајот направил и целосна анализа која покажала дека нема никакви антитела во крвта, а тоа значи дека во изминатите шест месеци немал никаков вирус, ниту Ковид 19, ниту обичен грип. Па, затоа останува прашањето како бил позитивен на коронавирус, ако во организмот нема антитела.

На прашањето колку се веродостојни тестовите, министерот за здравство, Венко Филипче, со одговор дека сите лаборатории се акредитирани и дека тестовите се целосно веродостојни.

Инаку, Исмет вели дека сѐ уште не може да ја изврши потребната хируршка интервенција на ногата, бидејќи фигурира на листата на заразени.

Извор: ТВ21

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...