Легендарниот фудбалер, некогашен член на Реал и Барселона, Луис Фиго зборуваше за Зинедин Зидан. Португалската легенда вели дека бил изненаден кога Фрнцузинот одлучил да продолжи во фудбалот како тренер.
„Бев изненаден кога постана тренер. Успехот на Зидан е поради неговата способност. Логично е кога некој игра фудбал, да мислите дека ќе продолжи да работи во истиот спорт и понатаму. Има некои кои го напуштаат фудбалот, планираат нешто друго и не сакаат да се посветат само на овој спорт.
Мислам дека никој не се обложуваше дека Зидан ќе стане тренер, но погледнете што постигна“, рече Фиго.