Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не е спорно. Поинтересен е моментот дека преку рекламирањето сфаќате дека човековата „креативност“ е безгранична.
И кога мислите дека сте виделе и чуле се, доаѓа играта која пред некое време се појави на ФБ и се организира кај нас, не некаде по светот, а во која може да освоите „зелен капак за тоалетна школка“.
Се што треба да направите е да оставите коментар во кој ќе напишете, замислете, „САКАМ ДА КАКАМ НА ЗЕЛЕНА ШОЉА“…
Дечки да не е малку премногу?!
Мислевме дека врв се оние кои продаваат, а кога ќе ги прашате за цена како да сте ги прашале да ви дадат некое стотче на заем, ама оваа игра дефитивно ги засени сите.


