7 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

Дали Мицкоски ќе се откаже од буџетските милиони или плаќањето телохранители е поважно од корона кризата?

Неверојатни 219 милиони денари или 3,6 милиони евра тежи ставката во новиот буџет, предвидена за трансфери до невладини организации каде вообичаено се ставени парите на граѓаните кои партиите меѓусебно ги делат.

Корона кризата предизвика и економска криза па голем дел други ставки кои не се однесуваат на здравството се намалени, но не и оваа која спаѓа во субвенции и трансфери под Министерството за Правда.

Буџетот за 2021 година пристигна во Собранието и после комисиското чешлање ќе следи негово донесување на пленарна седница.

Зачудува молкот на ВМРО-ДПМНЕ околу предлог буџетот, особено заради кампањата која што изминатиов период ја води партијата.

Имено, среде криза Мицкоски одлучи да тргне во црна кампања со која што ќе ги информира граѓаните дека Заев ја задолжил земјава 2 милијарди евра. Иронијата да биде поголема , Мицкоски зема милиони евра од буџетот за да ги троши за информации околу задолжувањето. Веќе пишувавме дека врв на лицемерието во оваа кампања на Мицкоски е понудата штабот на ВМРО-ДПМНЕ да се користел како Ковид центар.

ВМРО-ДПМНЕ очигледно има високи расходи кога првиот човек одлучил да ангажира службени возила и за него и за сопругата, семејни телохранители, но и цела армија на обезбедувачи кои деноноќно го штитат во тврдината. Дел од тие лица се присутни и на прес конференциите кои ги одржува Мицкоски, а според информациите од партијата секогаш со нив носат огнено оружје. Веќе пишувавме дека по проценките на некои функционери од ВМРО-ДПМНЕ, само за купување на својот личен мир и сигурност, Мицкоски одвојува помеѓу 100 000 и 150 000 евра за луѓето кои го обезбедуваат штабот.

Ребалансот на буџетот помина во бледа расправа од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од минатото кога опозицијата предводена од СДСМ ги блокираше седниците, тропаше со тенџериња и ја окупираше говорницата, пратениците на ВМРО изразија по некоја критика и обезбедија кворум за да се изгласа ребалансот. Токму заради ваквото однесување на социјалните мрежи го добија епитетот ВМРО-кворумска. Дел од истражувачките медиуми ги открија и можните причини за ваквото однесување.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести