13.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

УЕФА oд страв ќе го менува форматот на ЕП

Според пишувањата на „Дејли меил“, УЕФА веќе почнала интензивни преговори со Фудбалската асоцијација на Англија околу преземањето на комплетното домаќинство на Европскиот шампионат.

Планот на УЕФА за Европско првенство во 12 градови во 12 различни држави е под се поголем притисок поради пандемијата со коронавирусот,  а Англичаните пишуваат дека Обединетото Кралство може да биде домаќин – значи Англија, Шкотска и Велс да го организираат континенталниот шампионат.

Овие три држави веќе имаат изградено одлична инфраструктура и без проблем може да го организираат шампионатот. Вакво нешто и претходно се размислуваше во случај на црно сценарио со коронавирусот, а сега информациите се интензивираат. Ќе видиме што ќе се случува наредните месеци и дали ќе има промени.

За сега актуелниот план е турнирот да биде отворен во Рим, а да се игра во Букурешт, Баку, Будимпешта, Билбао, Санкт Петербург, Минхен, Даблин, Глазгов, Копенхаген, Амстердам и Лондон, а завршницата на „Вембли“.

Македонскиот национален тим треба да одигра два меча во Букурешт и еден во Амстердам.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести