11 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Мизрахи направи лупинг: Договорот од Преспа е реалност!

Како што се симна од коњот и седлото го замени со удобната собраниска фотеља, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи ја смени плочата која што ја вртеше пред изборите и во периодот додека не влезе во собранието.

Одеднаш промената на Уставот не е нешто за кое што Мизрахи се вознемирува.

„Преспанскиот договор е реалност!“, изјави Мизрахи во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

Истата Мизрахи претходно беше сменета од Министер за труд и социјална политика токму заради непочитување на Уставот и Договорот од Преспа и држеше прес конференции пред табла на која не стоеше новото име.

Запрашана од новинарот дали би ги повторила истите прес конференции доколку повторно и се укаже можност, Мизрахи го одбегна одговорот, иако претходно заедно со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ се фотографираа заедно во кафуле, а Мицкоски таа фотографија си ја крсти како „дисиденти“.

Мизрахи смета дека заради тоа што била министер од ВМРО-ДПМНЕ, владеачкото мнозинство ќе ја разрешело по секоја цена, но немаше одговор зошто тоа не му се случило и на Наќе Чулев.

Дисидентството не траеше долго па Мизрахи сега се согласува со Заев и Димитров дека не е таа која треба да каже дали Македонија има или нема заедничка историја со Бугарија. Исто како и власта, Мизрахи смета дека историчарите се тие кои треба да одговорат дали сме имале и која е заедничката историја со Бугарија.

За изборниот неуспех, Мизрахи смета дека е виновна летаргијата во десничарски ориентираното гласачко тело, ковид кризата, но не и Христијан Мицкоски.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести