Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Еве зашто жените глумат оргазам !

Една студија објавена во публикацијата Archives of Sexual Behavior, се позабавила со прашањето зошто жените глумат оргазам. Истражувачите разговарале со 462 хетеросексуални жени, па ги издвоиле трите најчести причини заради кои тие се претвараат дека доживеале оргазам. 

За да го задржат партнерот

Еволуциската психологија феноменот на глумење оргазам го објаснува како стратегија за задржување на мажот. Мажите сакаат нивната партнерка да ужива и доживува оргазам, а жените глумат дека е така за нивниот партнер да биде задоволен. Истражувањето, исто така, покажало дека жените кои се плашат дека партнерот ќе ги изневери почесто глумат оргазам.

За да го задоволат партнерот

Многу жени се согласуваат дека мажите би требало да знаат што сака нивната партнерка и како да ја задоволат, но ако некоја жена смета дека задоволството на нејзиниот партнер не е потполно ако таа не доживее оргазам, ќе го одглуми. Меѓутоа тука се крие уште еден проблем. Често разликата меѓу тоа сака ли жената да доживее оргазам заради себе и своето задоволство или мисли дека „мора“ за да го усреќи партнерот влијае на тоа дали навистина ќе го доживее.

Затоа што нема причина да не го одглумат

Постојат бројни предрасуди врзани за полот, а меѓу нив е и онаа дека жените се премногу чувствителни или дека мажите би требало да се грижат за нив. Ако жените ги прифатат предрасудите врзани за својот пол, таквите уверувања можат да влијаат на нивните одлуки дали ќе одглумат или нема оргазам. Истражувањето покажало дека жените кои имаат негативни уверувања за својот пол и оние кои мажите не ги почитуваат почесто глумат оргазам. 

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...