Извршниот директор на „Pfizer“, Алберт Бурла продаде акциинна денот кога беше објавено дека вакцината против коронавирус на оваа фармацевтска компанија е ефикасна 90 проценти.
Така собрал 5,6 милиони долари, објави CNN.
Трансакцијата направена од директорот на „Pfizer“ е дел од редовниот план што Бурла го правеше кога периодично ги продаваше своите акции.
Овој пат продаде 132.508 акции по цена од 41,94 УСД и заработи близу 5,6 милиони УСД, додава CNN.
И потпретседателката на „Pfizer“, Сали Сузман, исто така, ги продаде акциите во понеделникот, како дел од претходно направениот план – за 43.662 акции, таа заработи околу 1,8 милиони долари.
Акциите на „Pfizer“ скокнаа за осум проценти во понеделникот, додека тие не се променија во вторникот.
Акциите на компанијата „Biontek“, кои работеа на вакцината со „Pfizer“, скокнаа уште повеќе, бидејќи во понеделникот забележаа пораст од 15%, а во вторник дополнителни осум.
Акциите на „Pfizer“ во средата паднаа за еден процент.