Севернокорејскиот претседател Ким Јонг-ун не се појавил во јавноста 23 дена, но тоа не е ништо невообичаено, објави Министерството за обединување.
Официјалното лице изјави дека Ким не се појавил во јавноста повеќе од 20 дена претходно и дека тие не му придаваат особено значење на неговото сегашно отсуство, пренесува Јонхап.
Ким последен пат беше виден во јавноста на 21 октомври, кога ги посети гробиштата на северот од провинцијата Јужен Пјонгјанг, за да им оддаде почит на кинеските војници убиени во Корејската војна.
Севернокорејскиот претседател не се појави во јавноста 20 дена во април, што ги охрабри шпекулациите за неговата здравствена состојба, па дури и неговата смрт.
Тие завршија на почетокот на мај, кога Ким се појави на церемонијата на отворање на фабрика со насмевка на лицето.