Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ПРОВЕРУВАМЕ: Како честитаа политичарите и како им возврати народот – Заев и Груевски егал, Мицкоски во ранг со Иван Исцелител

Поголем дел од политичките функцинери побрзаа да го поздрават успехот на македонската фудбалска репрезентација и историскиот пласман на европското првенство, надевајќи се дека и тие ќе извлечат лична корист од залагањето на нашите велемајстори. Се објавуваа фотограафии во дресови, навивачки химни и знамиња со очекување дека тоа ќе им донесе некој политички поен кај оние кои ги следат на социјалните мрежи.

Медиа.мк се обиде да утврди како поминаа лидерите на најголемите политички партии.

Зоран Заев во својот пост напиша : Македонскиот фудбал оди на Европско! Конечно, имаме историски резултат благодарение на нашата репрезентација, на нашите херои. Гордоста и посветеноста победуваат, радувај се народе! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰 #EURO2020 2020 #ОдимеНаЕвропско

Неговиот статус го виделе 13 000 луѓе , а 890 од нив го коментирале и уште 441 го споделиле.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пиша: Победа вредна 30 години и историски резултат. Честитки за јунаците кои со срце, вложена сила и талент покажаа дека Македонија може големи работи. Македонија ви се поклонува.
Колку сме, толку сме, токму сме. Ние сме Македонци.
Напред Македонијо! 🇲🇰

Постот на Мицкоски го виделе само 1900 луѓе, иако ВМРО-ДПМНЕ според него е најбројната партија. Мицкоски има добиено 57 коментари, а статусот му го споделиле 79 профили.

Зачудувачки , но пет пати поголема атрактивност од Мицкоски, меѓу луѓето со профили на фејсбук има поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој две години не е во Македонија, а три години не ја води партијата.

Во негов стил, во подолг текст меѓу другото пишува : „Постои една максима која вели: “успехот е резултат на голем број исправно донесени одлуки”.
Во тој контекст, честитки и за сите кои во 2012 година учествуваа во реализација на неколку значајни идеи кои создадоа база на која се изградија успесите на младинската, а еве потоа и на А репрезентацијата, тргнувајки од формирање на детски фудбалски лиги па се до реализација на идејата за отворање на академијата за фудбал која со закон предложен од владата, се вклопи во образовниот систем на Македонија, од каде сега потекнува костурот на денешната фудбалска репрезентација на Македонија. Дури 12-13 фудбалери кои играа за А репрезентацијата на Македонија во овој циклус на квалификации потекнуваат токму од таа фудбалска академија, а само на денешниот натпревар костурот на тимот е токму од фудбалската академија.
Најпрвин овие први генерации кои произлегоа од фудбалската академија се пласираа на младинското европско првенство во 2017, што исто така беше прв пласман на Македонија во младинска конкуренција до 21 година, а подоцна повеќемина од нив беа превземени во А репрезентацијата и дури петмина беа дел од денешниот тим кој ја совлада Грузија“.

Неговиот пост е отворен скоро 8700 пати, има 488 коментари и споделен е од 99 профила.

Освен политичарите и други јавни личности се обидоа да ја кренат својата популарност. Видовитиот Иван исцелител го објави своето предвидување за победникот од мечот: „MAKEDONIJA CE JA POBEDI GRUZIJA VO FUDBAL ovaa koga go pisuvam za da nema zabuna 12.11.2020 g. casot e 13 h i 34 minuti za da nema zabuni odnapred vi kazuvam “.

Неговата прогноза е споделена 120 пати, што е помалку од споделувањата на Заев и Груевски, но повеќе од Мицкоски. Коментиран е 22 пати, а прочитан 236.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...