7 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

ВОЛК-ЧУДОВИШТЕ спречува напади од мечка во Јапонија

Робот наречен „Monster Wolf / Волк-чудовиште“ се користи во Јапонија за да спречи напади на мечка.

Јапонскиот град Такикава користи волци-роботи чија задача е да ги исплашат мечките и да ги спречат нивните напади врз луѓе.

Нападите со мечки се проблем бидејќи минатата година беа регистрирани вкупно 157, но од почетокот на употребата на Monster Wolves немало напади.

Експертите велат дека нападите на мечки се резултат на недостаток на желади во дивината кои се дел од нивната исхрана пред хибернација.

Недостатокот на овој калоричен орев ги принуди да се симнуваат кон градовите во потрага по храна.

Уништувањето на шумите и ширењето на урбаните средини ја намалија бариерата помеѓу живеалиштата на мечките и домовите на луѓето. Затоа, контактот помеѓу животните и луѓето е почест, а со тоа и нападите.

Затоа, Јапонците прибегнаа кон технолошко решение, а тоа се волци-роботи кои се движат и испуштаат силни звуци.

Црните мечки и волци некогаш ги делеле централните и северните региони на Јапонија, но волците изумреле поради лов и борба за ресурси.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести