Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците на СДСМ да ги пренаменат парите од новогодишно украсување за болнички возила

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ

Болниците немаат болнички возила, хронично болните немаат вакцина против грип, а болните од КОВИД 19 треба сами да си плаќаат терапија на приватно, но затоа општините ширум Македонија, со кои управуваат кадри на СДСМ се расфрлаат со илјадници евра за новогодишно украсување.

Само општина Охрид распишала тендер за изнајмување на монтажна опрема за новогодишно украсување во висина од над 21 илјади евра. Тоа е половина болничко возило, неколку терапии за КОВИД 19 или илјадници вакцини против грип.

Иста е ситуацијата и со општина Гази Баба, која ќе се украсува за над 14 илјади евра, во време кога пациенти примаат инфузија во двор на болница.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје повика парите за украсување на градот да се пренаменат за борба против КОВИД 19, Шилегов одби, а по неговите стапки одат сите градоначалници од СДСМ.

Доколку СДСМ имаше барем малку разум, и не гледаа политички на се, со парите за украсување ќе се купеа десетици болнички возила и други потребни материјали за болниците со цел справување со КОВИД19.

Затоа уште еднаш ги повикуваме градоначалниците да ги пренаменат парите од новогодишно украсување за болнички возила.

Доколку не делуваат разумно. СДСМ уште еднаш ќе покаже дека не мислат за граѓаните, туку само за нивните политички поени.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...