Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

МОЖЕТЕ ДА СПИЕТЕ МИРНО: СКОПЈЕ УШТЕ ДОЛГО ВРЕМЕ НЕМА ДА ИМА РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС – еве зашто

Според податоците и истражувањата на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет на УКИМ во Скопје, периодот на повторување на силен земјотрес во скопското епицентрално подрачје, е 500 години, што укажува дека при градењето во овој град треба да се имаат предвид техничките карактеристики на тлото, како и неопходноста од проекти со асеизмички дизајн за интензитет од IX степени според Европската макросеизмичка скала ЕМС-1998, потсетува раководителката на оваа Опсерваторија, Драгана Черних по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес.

Черних, во текстот „57 години од земјотресот во Скопје – никој не посакува ваква катастрофа“, потсетува дека природата често е непредвидлива и може да предизвика катастрофи од големи размери, а земјотресот е природна појава која не може да се предвиди.

Земјотресот во Скопје е еден од тие природни катастрофи, кој се случи на денешен ден во 1963 година, во 5 часот и 17 минути, со Рихтерова магнитуда 6.1 и интензитет од IX степени според Европската макросеизмичка скала, кога загинаа 1070, а беа тешко повредени над 3.300 лица и беше почувствуван на целиот Балкански Полуостров.

„Територијата на нашата држава се наоѓа во сеизмички активно, односно трусно подрачје, каде што во последното столетие веќе се случиле неколку катастрофални земјотреси, како што беа и земјотресите и во Пехчево 1904 г. и во Валандово 1931 г.“, стои во текстот од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, која е и првата сеизмолошка инстуција во земјава, основана во 1957 година и која е единствената сеизмолошка станица што работела во времето на скопскиот катастрофален земјотрес.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, е единствена институција во Република Македонија која е задолжена да ја одржува сеизмолошката мрежа на Републиката, да врши постојано набљудување и научна анализа на целокупната сеизмичка активност на територијата на Републиката и пограничните подрачја.

Таа, додава раководителката Черних, одржува мрежа на постојани сеизмолошки станици телеметриски поврзани (во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево), современо опремени чии податоци пристигнуваат во Опсерваторијата во Скопје во реално време, овозможувајќи брзо одредување на параметрите на земјотресот што е многу важно во случај на почувствуван земјотрес на територијата на Република Северна Македонија и пограничните региони.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...