Натпросечната интелигенција не се рефлектира само во способностите за учење, туку и во овие „извртени“ навики!
Дали верувате дека сте натпросечно интелигентни? Сега можете да го одредите тоа, но не ако одите на тест за интелигенција, но проверете ги вашите навики поврзани со секојдневните работи.
Сигналите за натпросечна интелигенција се разновидни, некои од нив имаат врска со нашите способности, академските достигнувања, талентот за математика или музика, а некои се сосема неочекувани!
Ова се помалку познати сигнали дека сте натпросечно интелигентни!
1. Одите брзо
Луѓето кои се натпросечни интелигентни, често одат и трипати побрзо од другите. Едно истражување открило дека луѓето кои оделе брзо имале просечно 16 поени повеќе на IQ-тестот отколку луѓето кои оделе со просечна брзина.
2. Мразите да пишувате пораки
Научниците утврдиле дека достигнувањата на модерната ера, односно многу кратка комуникација како СМС пораки или разговори, влијаат на коефициентот на интелигенција. Луѓето кои не можат да живеат без „куцкање“ имаат потешкотии во фокусирањето на задачите, го намалуваат вокабуларот и писменоста и имаат посиромашна меморија.
3. Немате „еден куп“ пријатели
Бројни студии покажаа дека луѓето имаат тенденција да бидат опкружени со луѓе кои се на слично интелектуално ниво како нив. Разликата е обично околу 15 поени „нагоре или надолу“.
Просечен жител на Земјата има IQ од околу 100 поени. Ако вашиот коефициент на интелигенција е над 115, јасно е зошто можеби не сте опкружени со „куп“ луѓе како вас.
4. Често сте загрижени
Повисоката интелигенција значи и дека повеќе размислуваме и се обидуваме подобро да ги разбереме проблемите, без разлика дали се поврзани со секојдневниот живот или настаните на глобално ниво. Многу интелигентни луѓе размислуваат повеќе за решавање на разни проблеми и се повеќе фрустрирани за нив.
5. Пцуете
Ова е директна последица на почестото размислување и грижи, а вашиот мозок се обидува да го „исфрли“ проблемот во форма на зборови што ќе „одекнат“. Пцуењето може да биде сигнал за висока интелигенција, но околината ќе го протолкува како грубост, затоа обидете се да го избегнете.
6. Туширајте се со поладна вода
Туширањето со многу топла вода не е добро за мозокот, а туширањето со поладна вода или вода со наизменична температура, ги подобрува когнитивните способности и дава дополнителна енергија.