Уште не тргнати, големи проблеми. Македонскиот национален тим остана без двајца репрезентативци Кире Ристевски и Крсте Велкоски кои поради позитивни тестови на КОВИД-19 остануваат во Скопје. А во Тбилиси нема да патува играчот од средниот ред Енис Барди.
По последниот лекарски преглед утринава и дефинитивно е констатирано дека Барди не може да игра затоа што има дискус-хернија. Се повреди на вчерашниот тренинг кога при шутирање на топка почувствува болки и не можеше да се движи нормално.
Тој во текот на денот ќе биде хоспитализиран во болницата „Систина“. Не му завидуваме на селекторот Игор Ангеловски кој е во големи проблеми со играчкиот кадар пред историскиот натпревар со Грузија во Тбилиси.