Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

СРАМОТА: Украден златен накит од починат пациент на Инфективна во Штип

Кражба на златен накит од починат пациент на штипското Инфективно одделение е регистрирана во текот на вчерашниот ден.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштението до медиумите информира дека вчера во 14:17 часот во СВР-Штип вработен од обезбедувањето во Клиничка болница-Штип  пријавил кражба на златен накит од починато лице на Инфективно одделение при Клиничката болница Штип.

– Според пријавеното околу 14 часот на Инфективно одделение дошле вработени од погребално да го подигнат телото на починатото лице, при што го побарале златниот накит за да го предадат на фамилијата, но од страна на засега непознато лице накитот бил одземен, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Полицијата веќе работи на расчистување на случајот. 

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...