Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Еве како настана КОМПАНИЈАТА КОЈА ПЛАНИРА ДА ГО СПАСИ СВЕТОТ СО ВАКЦИНА ЗА КОВИД

Сахин и неговата сопруга се на списокот на 100-те најбогати Германци, а во моментов се познати како тимот од соништата што може да го спаси светот од коронавирусот.

Угур Сахин, кој потекнува од скромно семејство, е основач на германската компанија БиоНТек, вредна две милијарди долари, но тој сепак доаѓа на работа со велосипед. Неговата сопруга Озлем Туречи е исто така член на управниот одбор.

Глобалната трка за наоѓање вакцина против Ковид-19 се искачи на повисоко ниво пред два дена кога компаниите БиоНТек и американски Фајзер објавија дека нивната вакцина има ефикасност од 90 проценти по третата фаза на клиничко тестирање.

Сахин, е роден во Турција, пораснал во Германија каде што неговите родители работеле во фабрика за автомобили Форд. По завршувањето на факултет, Сахин станал професор и истражувач во областа на имунотерапија. Работел во болниците во Келн и градот Хамбург, каде што за време на неговата рана академска кариера се сретнал со имунологот Оезлем Туречи. Медицинските истражувања и онкологијата станале нивна заедничка страст.

Озлем Туречи, е ќерка на турски лекар, кој исто така дојде од Турција во Германија.

Претприемачкиот живот започнал во 2001 година кога ја основале „Ганимед фармацевтикалс“ за да можат да развиваат антитела против рак.

Компанијата ја продале на Астелас во Јапонија за 1,4 милијарди долари во 2016 година, а Сахин и Туречи ја основале БиоНтек во 2008 година со цел да постигнат поширок спектар на алатки за имунотерапија во борбата против ракот.

Сахин и неговата сопруга моментално се наоѓаат на списокот на 100-те најбогати Германци.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...