4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Добар играч си ама за на ФИФА

Осман Дембеле ред три години пристина ог Борусија Дортмунд во Барселона во трансфер вреден 140 милиони евра, и беше претставен како спасителот на овој клуб, откако Лионел Меси ќе си замине. Дембеле во изминатиот период беше се само не налик на некој кој ќе го замени Меси и е тема на констатно исмевање. Повредите го уништија, играше многу малку, а конечно под водство на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман сезонава нешто почна и да игра.

На осум меча постигна три гола и една асистенција, а вчера на оваа тема му се случи и мал инцидент. Тој со својот автомобил застанал на семафор, а навивачи на Барселона снимајќи го почнале да го провоцираат.

„Убав гол постигна нема што. Добар играч си ама за на ФИФА“ – му дофрлија навивачите алудирајќи на лошата форма на Дембеле и шпекулациите дека тој е зависник од играње на видеоигри. Дембеле мака мачи и со Шпанскиот јазик кој никако да го научи, но според она како изгледа и тоа како добро разбрал што му дофрлија навивачите.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести