1,7 милиони дози анти-КОВИД вакцина почнувајќи од втората половина на јануари 2021 година.
Според италијанскиот весник „Repubblica“, на 29 октомври е постигнат договор меѓу италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца и високиот претставник на компанијата „Pfizer“, која вчера објави пронаоѓање на вакцина чија ефикасност против КОВИД е над 90%, за да се обезбеди првата количина.
ПЛАН И ВРЕМЕ – Се прогнозира Европската агенција да ја разгледа последната фаза од испитувањето и да го одобри лекот помеѓу крајот на декември и првата половина на јануари.
Почнувајќи од 20 јануари 2021 година, владата ќе започне со нејзино користење прво на медицинските лица, додека војската ќе соработува во транспортот на материјалите и логистичкото планирање.
Ќе бидат потребни „неколку недели“ за да се заврши оваа прва фаза – за што комисијата формирана во Министерството за здравство работи во целосна доверливост, пренесува Ora News.
ПРВИ ДОЗИ – Сперанца, заедно со германскиот министер за здравство, имаат за цел да го зaвршат пактот за дистрибуција меѓу земјите-членки на ЕУ до петок.
Италија се очекува да добие 13,5% од вкупната прва рата, што значи 3,4 милиони дози. Ова значи обезбедување покриеност за приближно 1,7 милиони луѓе (бидејќи вакцината има две дози).
Ова е воедно и најголемата операција за вакцинирање во историјата на човештвото, пишува Ora News.
Американската и германската фирма „Pfizer“ и „BioNTech“ кои се споени вчера објавија дека вакцината што ја тестираат се покажала како 90% ефективна, многу подобра отколку што очекувале повеќето експерти.
Големиот процент на луѓе вклучени во клиничките испитувања кои резултираат заштитени од коронавирус, ги прават наодите уште по комплетни. Регулаторите претходно изјавија дека ќе ја одобрат вакцината за масовна употреба и доколку се покаже ефективна 50 проценти. Преку изјава компанијата рече дека вакцината не предизвикува сериозни несакани ефекти.
Денес е одличен ден за науката и човештвото. Првиот дел од резултатите од третата фаза од тестирањето на вакцината ни дава убедливи податоци за ефикасноста на нашата вакцина да спречи КОВИД-19, рече д-р Алберт Бурла, претседател и извршен директор на „Pfizer“.