Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Ова 8 годишно девојче со аутизам има поголем коефициент на интелигенција од Анштајн и Хокинг

Деветгодишно девојче со аутизам од Мексико, Адхара Перез, има IQ 162, што е повисоко од оној на Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг (160). Иако страда од Аспергеров синдром и аутизам, таа студира на два универзитета и сонува да стане астронаут.

На тригодишна возраст, таа веќе знаеше алгебра и беше примена во Центарот за грижа за таленти во Мексико, каде заврши  средно училиште на осумгодишна возраст. Иако е натпросечно интелигентна, децата во одделението не беа многу дружељубиви поради здравствените тешкотии што ги има. Таа трпела малтретирање две години.

Девојчето, кое според списанието Форбс е една од највлијателните жени во Ацтеките, сонува да биде астронаут, но поради годините не успеа да се запише на Националниот универзитет во Мексико.

Во моментов, Адхара студира преку Интернет на два универзитета: индустриски инженеринг, со специјализација по математика и инженерство на системи. Развива паметна нараквица што ги следи емоциите на децата со пречки во развојот и која може да предвиди и спречи разни напади што се јавуваат поради болест.

Времето го поминува и во пишување на книгата „Не се откажувај“, особено посветена на деца со проблеми како нејзините. Нејзиниот сон е да присуствува на Универзитетот во Аризона и  да научи англиски јазик како подготовка за оваа цел, за да може да студира астрофизика и еден ден да стане астронаут.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...